Расчистување на свлечиштата на локалниот пат Крива Паланка – с.Станци

Имајќи ја во предвид неповолната состојба со појавените свлечишта на локалниот пат Крива Паланка –с.Станци,  Општината преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура презеде мерки за расчистување на истите и оспособување на патот за нормално одвивање на сообраќајот. За таа цел беше вклучена  тешка механизација и камиони за одвоз на свлечениот материјал. Беа утоварени и транспортирани преку 400 м3 земјан и карпест материјал.

Сепак, за трајно решение на овој проблем треба да се изградат потпорни и обложни ѕидови и да се постави мрежа за заштита на косините на дел од трасата за што се потребни значителни финансиски средства. Поради тоа Општината се има обратено и очекува помош од повисоки државни институции.

Во меѓувреме ги молиме граѓаните да имаат разбирање и да возат внимателно на критичните делови од трасата и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци.


Големина на фонт
Контраст