Градоначалникот Алексовски во обиколка на градежните работи во општината

Во текот на  вчерашниот ден,  во рамките на своите активности градоначалникот Арсенчо Алексовски изврши увид на градежните работи кои се во тек  во општина Крива Паланка.

[embpicasa id=”5997959754682638433″]

Беше извршен увид за текот на изградбата на фекалната канализација  во село Мождивњак која е во напредна  фаза на градба. Градоначалникот се запозна со текот на изградбата на улицата „Биљинска“  во населба Лозаново каде се врши тампонирање на носивиот слој и решавањето на атмосферската канализација како и на улицатата „Дивљанска“ во населбата Баглак 3  каде се изведуваат завршни работи оклоу изградбата на потпорните ѕидови.

Градежните работи продолжуваат и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика.

Големина на фонт
Контраст