Во тек е изградбата на минор коритото на Крива Река

Во тек е изградбата на минор коритото на Крива Река како дел од проектот „Реките не познаваат граници“, финансиран од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

[embpicasa id=”5996946621097896465″]

Проектот спаѓа во групата на инвестициски проекти и опфаќаат изградба на минор корито на Крива Река, во централното градско подрачје во должина од 500 метри и уредување на  вливот на Дурачка Река во Крива Река, како и одржување на работилница за учесници од двете држави на која ќе се разменат искуства во однос на управувањето со водите.

Вредноста на проектот е 499.987,75 евра од кои 243.636,64 евра се наменети за Општина Крива Паланка за исполнување на целите и активностите  на проектот.

Изведувач на градежните работи  е фирмата  „Цвет Компани“ од Скопје.

Големина на фонт
Контраст