Благодарност за донираната медицинска опрема

Во знак на благодарност, на ден 24.12.2009 година градоначалникот на општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски им врачи благодарници и плакети на претставници од Министерството за здравство, д-р. Бранко Милошевски и д-р. Жарко Шутиновски, а воедно им подари бисти со ликот на Хипократ на Министерствотот за здравство  и на Здравствениот дом “Академик професор Димитар Арсов“ , по повод донираната медицинската опрема и потрошен материјал во вредносто од 450.000 $ обезбедени преку Министерството за здравство во соработка со Американско-македонската асоцијација од Детроит САД и хуманитарната организација „Ворлд медикал рилиф“.

 

 

Благодарници и плакети преку претставниците на Министерството за здравство беа испратени и на Американско-македонската асоцијација во Детроит-САД,  на Претседателот Мишко Васовски и на семејството Џајковски, како и на Генералниот Конзул  на Република  Македонија во  Детрои -САД, г-дин Игор Дуковски.  
 
Исто така од страна на директорот на Здравствениот Дом “Академик професор Димитар Арсов“, Радивој Маџовски, беа доделени посебни благодарници на претставниците на Министерството за здравство, на Генералниот Конзулат на Р. Македонија во Детроит – САД и на Американско-македонската асоцијација во Детроит-САД.