Продолжува реализацијата на проектот за изградба на девет улици и мост

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Продолжува реализацијата на проектот „Подобрување на општинските услуги“ со средства обезбедени од Светска Банка, а во рамките на кој Општина Крива Паланка ќе изврши изградба и реконструкција на девет улици и мост на Куков Дол.

Веќе е завршена изградбата на 7 улици, а деновиве започнаа градежните активности за изградба на преостанатите две улици од овој проект и тоа „Биљинска“ и „Дивјанска Маала“-крак 1.

Улицата „Биљинска“ е со должина од 262 метри, а улицата „Дивјанска Маала“ –крак 1 е со должина од 224 метри, а ширината на коловозот е 3,5 метри. На одреден дел од трасата на дветте улици се предвидени и потпорни зидови.

Истовремено се работи и на пешачката патека и довршување на мостот на Куков Дол, каде останува да се постави уште предвидениот асфалтен слој.

Според Договорот со фирмата изведувач АД Ф-ка Карпош-Скопје и согласно со динамичкиот план целокупниот проект треба да заврши до крајот на април 2014 год.