Одржана манифестацијата „Невестинско поклонение 2014“

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Невестинското поклонение на Свети Теодор Тирон го доживеа своето петто издание. Од година на година станува се поизвесно дека дворот на црквата во село Конопница станува претесен за да ги прими сите добронамерници кои доаѓаат да ги поздрават учесничките во возобновената традиција која е дел од културниот идентитет на овој крај.

И покрај студеното време, околу илјада граѓани уживаа во несекојдневната глетка. Дефилето што го направија невестите со своите свекрви за момент не потсети на нашите корени, на традицијата, а колоритот на народните носии не потсети на вештината што ја поседувале нашите мајки и баби во изработката на народните носии.

Овогодинешната културна манифестација беше посетена од гости од Скопје, Куманово, Штип, Кратово, Пробиштип, Вевчани и од други места…

Учесничките и присутните граѓани беа поздравени од страна на покровителот на манифестацијата градоначалникот на општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски кој потенцираше дека оваа манифестација заслужува да биде поддржана, а тој лично ќе се заложи во иднина таа да се омасови и да добие карактер на меѓународна манифестација.

Архиерскиот намесник Добрислав Бошковски од МПЦ ги благослови учесничките во Невестинското поклонене истакнувајќи го значењето на возобновенатата традиција, при што ги покани снаите и свекрвите да се придружат и на осветувањето на водата и на примо-предавањето на кумството.

Инцијаторот за возобновувањето и идејниот творец на манифестацијата Невестинско поклонение г.Стојанче Величковски зборуваше за потенцијалот на овој туристички бренд како и за можноста тој бренд да се развива во духот на народната традиција.

По заврушувањето на свеченото дефиле, невестите добија букети со цвеќе и други подароци и присуствуваа на заедничкиот ручек.

Најдобрите во изборот на најубав посен зелник и најдобра сливова ракија ги добија заслужените признанија.