Честитки по повод 8-ми Март – Денот на жената

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

По повод претстојниот празник 8-ми Март, Денот на жената, традиционално по петти пат градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски ги посети пензионерките во Клубот на пезионери, а воедно им подари каранфили и им го честиташе претстојниот празник со честитка за добро здравје, среќа и долг живот.

Градоначалникот Арсенчо Алексовски им го честиташе празникот и на вработените жени во општинската администрација на општина Крива Паланка и на жените советнички при Советот на општина Крива Паланка при што им подари каранфили и им посака добро здравје, среќа и успех во работата.