Покана за меѓународна изложба на уметничка фотографија „Душа“ 2014

Во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј на Крива Паланка, во сабота на 1 март 2014 година со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Душа 2014“. Темата на изложбата е „Маж, жена и дете“ и целта е да се претстави човекот во ова денешно време и неговиот живот.

Изложбата се оддржува втора година по ред и ја реализира клубот “Види“ од Крива Паланка. Изборот на фотографии го направи жири составено од македонски, српски и босански познавачи на уметничката фотографија.

Големина на фонт
Контраст