Одржана регионална средба „Бизнис без граници“

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Денеска во големата сала на општина Крива Паланка се одржа регионална средба насловена како „Бизнис без граници“ . На средбата присуствуваа градоначалниците од Североисточниот плански регион, претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски, градоначалниците на Ќустендил и Дупница, претседателот на Трговско-индустриската комора од Ќустендил, Ванчо Костадинов, како и стопанственици од двете земји. Средбата чиј домаќи беше градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, се одржа по иницијатива на Македонско -бугарската стопанска комора.

[embpicasa id=”5981734999177994465″]

На состанокот се дискутираше на повеќе теми и тоа: Како да се обезбедат средства за итна модернизација на патниот правец Крива Паланка – Ќустендил; Можност за брза изградба на заеднички пограничен сообраќајно-царински терминал; Развој на планинскиот и културниот туризам; Формирање на конзорциум од компаниите во пограничниот регион со создавање заеднички извозен продукт како и имплементација на заеднички проекти со средства од фондовите на ЕУ.

Големина на фонт
Контраст