Поставен камен темелник за изградба на дел од минор коритото на Крива Река

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Во Крива Паланка денеска беше означен почетокот на изградба на дел од минор коритото на Крива Река. Камен темелникот за изградба на коритото беше поставен од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, заменик министерот за локална самоуправа Ѓорѓија Сајковски, заменик градоначалникот на општина Дупница, Красимир Георгиев и претседателот на Совет на општина Крива Паланка Борче Стојчевски.

[embpicasa id=”5981695629431390097″]

Изградбата на дел од минор коритото на Крива Река е во рамките на проектот „Реките не познаваат граници“ финансиран од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Проектот се имплементира од страна на општина Дупница, Република Бугарија, како водечки партнер и општина Крива Паланка како партнер во проектот.

– Мора да истакнам дека Крива Паланка е лидер во искористување на средства од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка на Европската унија во сите три повици. Ова е значаен проект со кој се одобрени средства од речиси половини милион евра за општините Дупница и Крива Паланка, од кои за општина Крива Паланка се издвоени 245 илјади евра. Ова е значаен проект за жителите на општината кои пред се ќе бидта заштитени од надојдените води, меѓутоа и за разубавување на овој дел од Крива Паланка, изјави заменик министерот за локална самоуправа Ѓоргија Сајковски.

Градоначалникот на Крива Планака,  Алексовски потенцира дека со овој проект ќе бидат опфатени и регулирани 500 метри од коритото на Крива Река.

– Веќе е аплициран проект, во рамките на повикот за прекуграничната соработка со Република Косово, за изградба на дополнителни 450 метри, информираше Алексовски, додавајќи оти со изградбата на дел од коритото ќе се промени и личната карта на овој дел од општината.

Заменик градоначалникот на Дупница, Красимир Георгиев изјави дека и во општина Дупница, као лидер партнер во проектот ќе биде извршена регулација на неколку речни корита, со што ќе бидат унапредени условите за живот на наслението.

Вкупната вредност на проектот изнесува 499 987,75 евра, а иститот се очекува да биде реализиран до крајот на годинава.

Големина на фонт
Контраст