Потпишан договорот за изградба на дел од минор коритото на Крива Река

Денеска (12.02.2014) во општина Крива Паланка, градоначалникот г. Арсенчо Алексовски го потпиша договорот со фирмата изведувач на градежните работи за изградба на минор коритотото на Крива Река  „Цвет Компани“ од Скопје и фирмата „Геос М-ДООЕЛ“ од Скопје  која ќе врши стручен надзор на градежните работи.

Изградбата на минор коритото на Крива Река е дел од проектот „Реките не познаваат граници“, финансиран од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Проектот спаѓа во групата на инвестициски проекти, финансиран под приоритетната оска за Подобрување на квалитетот на животот и опфаќаат изградба на минор корито на Крива Река, во централното градско подрачје во должина од 500 метри и уредување на  вливот на Дурачка Река во Крива Река, како и одржување на работилница за учесници од двете држави на која ќе се разменат искуства во однос на управувањето со водите.

Вредноста на проектот е 499.987,75 евра од кои 243.636,64 евра се наменети за Општина Крива Паланка за исполнување на целите и активностите  на проектот.


Големина на фонт
Контраст