Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска пуштија во употреба седум улици кои се дел од проектот „Подобрување на општинските услуги“. Проектот е финансиран од Владата на Р.Македонија со средства обезбедени од кредит од Светска Банка, а опфаќа изградба на девет улици во општината и мост на Куков Дол.
Во употреба беа пуштени улиците Горан Стојановски, Климент Охридски, Никола Тесла -oсновна траса, Никола Тесла – лев крак, Осоговска (крак 1 и 2), Пиринска и Наско Тамбурков.
На настанот покрај големиот број на граѓани присуствуваа и претседателот на Советот на општина Крива Паланка Борче Стојчевски, советници, директори, раководители како и претставници од Светска Банка.
По свеченото пуштање во употреба на улиците, вицепремиерот Ставрески во придружба на градоначалникот Алексовски и претседателот на Советот Борче Стојчевски го посети и мостот во населбата Куков Дол кој е во завршна фаза на изградба.