Покана за свечено пуштање во употреба на седум улици кои се дел од проектот за подобрување на општинските услуги

Почитувани,
Општина Крива Паланка во изминатиот период ја реализираше изградбата на седум улици преку „Проектот за подобрување на општински услуги“ и тоа ул. Горан Стојановски, ул. Климент Охридски, ул. Никола Тесла -oсновна траса,  ул. Никола Тесла – лев крак, ул. Осоговска (крак 1 и 2), ул. Пиринска и ул. Наско Тамбурков.
За таа цел Ве покануваме на ден 09.02.2014 (недела) во 12.30 часот да присуствувате на свеченото пуштање во употреба на горенаведените улици. Промотивниот настан ќе се одржи на улица  „Осоговска“  Крива Паланка, на кој ќе присуствува и Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии М-р Зоран Ставрески.

Ќе ни биде особена чест и задовлство да присуствувате на овие свечени настани.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст