Потпишан договорот за изградба на фекална канализација со пречистителна станица во село Мождивњак

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски денес го потпиша договорот за изградба на фекална канализација со пречистителан станица во селото Мождивњак. Изведувач на градежните работи е фирмата Лабино – Трејд ДООЕЛ од Гостивар.

Вкупната сума за реализација на проектот изнесува 15.458.000 денари со ДДВ, од кои основната сума, финансиските средства во висина од 13.100.000 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а данокот на додадена вредност е на товар на општината.

Должината на фекалната канализациона мрежа изнесува 5.661,72 метри, а со проектот ќе се градат и пречистителна станица, разводна мрежа со ревизиони шахти и пречистителна станица П-5, информираше градоначалникот Алексовски, кој рече дека со реализацијата на овој проект ќе биде решен долгогодишен горлив проблем на населението од село Мождивњак, едно од најгусто населените места во општината.

Според најавите на изведувачот, се очекува изградбата да заврши пред почетокот на летото.


Големина на фонт
Контраст