Потпишан договорот за изградба на плоштад пред општинската зграда

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Со средства во висина од околу 18 милиони денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и од oпштина Крива Паланка, пред општинската зграда на локалната самоуправа на Крива Паланка ќе се гради нов мини-плоштад.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алекосвски, денес го потпиша договорот со изведувачот на градежните работи од проектот, фирмата Цвет Компани, ДООЕЛ, Скопје. Проектот за „Изградба на плоштад со партерно уредување“ опфаќа оформување на јавниот простор пред зградата на локалната самоуправа на општина Крива Паланка, со вкупна површина од 750 метри квадратни.
Во текот на утрешниот ден ќе биде поставен камен-темелник на плоштадот, а со тоа изведувачот и официјално ќе биде воведен во работа.


Големина на фонт
Контраст