Првата фестивалска вечер на „Гоце фест 2014“ се одржа во Крива Паланка

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

На сцената на кривопаланечкиот „Центар за култура“ на 1 февруари се одржа јубилејното, 25-то издание на фестивалот на македонски родољубиви песни „Гоце фест 2014“.Во организација на Ансамблот за народни песни и ора „Гоце Делчев”- Скопје, во соработка со НУ Центар за култура, под покровителство на локалната самоуправа на општината, втора година по ред првата фестивалска вечер се одржа во Крива Паланка.

[embpicasa id=”5976132608024954129″]

Пред кривопаланечката публика беа изведени 15-тина родољубиви и патриотски македонски песни, а и годинава на сцената пред кривопаланчани настапија моногу звучни имиња од македонската фолк-естрада, но и од дијаспората, меѓу кои: Војо Стојановски, Ванчо Тарабунов, Круме Спасовски, Орце Стефковски и многу други.

Традицијата фестивалот да се одржува во градовите од внатрешноста започна минатата година, а градоначалникот Алекосвски и директорот на Центарот за култура, но и органзиаторите, се се согласија да продолжи традицијата првата фестивалска вечер да одржува во Крива Паланка.

Организаторот на фестивалот потенцираше дека бидејќи станува збор за јубилејно издание на „Гоце фест“, по завршувањето, фестивалски карван во текот на целата година ќе гостува низ земјава, промовирајќи ги песните, но и помладите и нови пејачи и групи кои секоја година добиваа можност да се етаблираат во пошироката јавност.

Фестивалот се одржува во чест на денот на раѓањето на Гоце Делчев, 4 февруари.

Големина на фонт
Контраст