Во пресрет на манифестацијата „Поклонение на Св.Теодор Тирон“

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Почитувани сограѓани,

По повод претстојниот христијански празник „Св. Теодор Тирон“, Општина Крива Паланка, МЗ с.Конопница и НУ Центар за Култура во соработка со МПЦ, ја организираат манифестација „Поклонение на Св.Теодор Тирон“. Манифестацијата ќе се одржи на 9.03.2014 (недела) од 13 часот во дворот на црквата Св.Теодор Тирон во с.Конопница.

Поради поголем публицитет и успешност на манифестацијата, посебно ги охрабруваме сите нововенчани млади невести од регионот и пошироко, помеѓу „двете Тодорици“, заедно со своите свекрви да го пријават своето учество на манифестацијата.

Пријавувањето може да го извршите секој работен ден се до 6.03.2014г.

Време на пријавување: 08.00 ч. до 16. 00 ч.

Место: Општина Крива Паланка, ул.„Св.Јоаким Осоговски“ 175

(во просториите на општинскиот услужен центар)

телефон: 031 372 130

e-mail: [email protected]

лице за контакт: Душко Арсовски и Лилјана Стојановска

(за подетални информации обратете се на погоре наведените контакти)

Обичај е невестите што се омажиле помеѓу двете Тодорици, да ја облечат својата венчална носија и со своите свекрви да се поклонат пред храмот на светецот за да бидат благословени од свештенослужителите. Побарајте ги носиите од вашите баби и мајки за да ги пренесете и на вашите ќерки и внуки. Тоа претставува дел од автентичното прославување на Тодорица, која е празник на селото Конопница, а светецот Теодор Тирон е заштитник на младите и породот.

Обичајот на поклонување на невестите пред светецот Св. Теодор Тирон е обновен по 33 години, а ова е петта година по ред како се одржува. Во 50-тите години од минатиот век имало и по стотина невести од целиот крај, кои доаѓале на поклонение.

Големина на фонт
Контраст