Словачкиот амбасадор Безак ја посети општина Крива Паланка

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Амбасадорот на Република Словачка во Р. Македонија, г.Мартин Безак денеска беше во посета на општина Крива Паланка. Амбасадорот Мартин Безак најпрвин оствари работна средба со градоначалникот Арсенчо Алексовски.

[embpicasa id=”5972455277891186865″]

На средбата беше разговарано за  збратимување на Крива Паланка со словачки град и заедничка имплементација на проекти од ЕУ фондовите. Градоначалникот Алексовски го запозна амбасадорот Безак со моменталната состојба во општината во поглед на реализираните и идните проекти, а беше разгледана и можноста за економска соработка со словачки компании.

Амбасадорот Безак во придружба на градоначалникот Алексовски ги посети манастирот Свети Јоаким Осоговски и ЛУ Градски Музеј.

Големина на фонт
Контраст