Во Крива Паланка одблежан празникот Богојавление – Водици

Во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црква, Епархија Кумановскo – Осоговска, беше одблежан големиот христијански празник Богојавление – Водици. Прославата започна со свечена литургија во црквата Св.Димитрија на која присуствуваа бројни верници. По  литургијата  следуваше чинот на фрлањето на крстот во водите на Крива Река.

Од околу 40 пријавени лица најсреќен беше Никола Николовски, кој доби награда од Општина Крива Паланка. Според верувањето, оној што ќе го фати крстот ќе има среќа и бериќет цела година.

По завршување на церемонијата на фрлање на крстот во водите на Крива Река граѓаните имаа можност да ги вкусат пивтиите припремени во кујната на Домот за ученици  „Боро Менков“, под надзор на искусни готвачи. Mанифестацијат „Пивтијада“ се организира по петти пат од Општината, а оваа година беше збогатена со настап на културно-уметнички друштва од Крива Паланка.




Големина на фонт
Контраст