Започна имплементацијата на проектот „Реките не познаваат граници“

Општина Крива Паланка започна со имплементација на проектот „Реките не познаваат граници“, уште еден проект во низата на успешни проекти финансирани од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.  Проектот кој се имплементира во партнерство со Општина Дупница од Р. Бугарија спаѓа во групата на инвестициски проекти.Финансиран е под приоритетната оска за Подобрување на квалитетот на животот, поточно од мерката 2.1 Користење на природни ресурси, и е во вредност од 499. 987,75 евра од кои 243.636,64 евра се наменети за Општина Крива Паланка за исполнување на целите и активностите  на проектот.

Проектните активности опфаќаат изградба на минор корито на Крива Река, во централното градско подрачје во должина од 500 метри и уредување на  вливот на Дурачка Река во Крива Река, како и одржување на работилница за учесници од двете држави на која ќе се разменат искуства во однос на управувањето со водите.

Општата цел на проектот е поврзана со подобрување на квалитетот на животот и на атрактивноста на прекуграничниот регион со спроведување на мали инвестициони мерки со цел да се заштити регионот од негативните ефекти од поплави.  Општата цел е предвидено да се постигне преку спроведување на следните специфични цели: 1. Редуцирање на негативното влијание од поплави; 2. Рехабилитација на заштитни ѕидови на реките и чистење на речните корита; 3. Интеграција на реките во урбаните аспект на Дупница и Крива Паланка.
Преку спроведување на горенаведените општи и специфични цели  ќе се постигне натамошен развој на атрактивноста и квалитетот на живот во прекуграничниот регион. Главната цел на проектот во целост е во согласност со целокупната програмаска цел за обезбедување на одржлив развој на регионот и за поддршка на пошироката европска соработка и европска интеграција.

 


Големина на фонт
Контраст