Градоначалникот Арсенчо Алексовски подели новогодишни пакетчиња

По повод претстојните новогодишни празници, традиционално и оваа година градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски заедно со претставници на општинската администрацијата беше во посета на неколку установи. Градоначалникот им ги честита претстојните празници на најмалите со пригодни новогодишни пакетчиња, а присуството на Дедо Мраз ја надополни празничната атмосфера.

[embpicasa id=”5961318047978040049″]

Најпрвин беше посетена детската градинка „Детелинка“ како и градинката Фриц-Аид каде престојуваат деца ромчиња, а потоа беше посетено  и Одделението за дневен престој на лица со ментална и физичка попреченост при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа.

Предновогодишното дружење продолжи во Големата сала на општина Крива Паланка каде им беа подарени новогодишни пакетчиња на децата до 3 годишна возраст од семејства кои се корисници на постојана парична помош, деца сместени во згрижувачки семејства , на дечињата од семејства кои имаат повеќе од три деца и на децата до 10 годишна возраст на воените инвалиди и  бранители  кои ги положија своите животи во воениот конфликтот во 2001 година.

Во знак на благодарност Здружението на воени инвалиди му подари слика на градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Големина на фонт
Контраст