26 цреши за Тоше

На 27.11.2009г.(петок),како дел од акцијата која се одвиваше на ниво на цела Македонија, беа засадени 26 јапонски цреши во комплексот на манастирот „Св.Јоаким Осоговски“. Црешите беа посадени во чест на прерано починатата македонска ѕвезда Тоше Проески.

Во акција учествуваа Градоначалникот на општина Крива Паланка, г-дин.Арсенчо Алексовки и дел од општинската администрација, пратеникот Оливер Алексовски, директорот на кривопаланечката подружница на ЈП Македонски шуми, претставници од сите јавни институции во општината, претставници од невладиниот сектор како и ученици од средното училиште.

 

 

 
 

 

 

Големина на фонт
Контраст