Се санира улицата „Јоаким Крчовски“

Општина Крива Паланка во текот на вчерашниот ден продолжи со планираните градежни активности  за асфалтирање на дел од оштетените асфалтни површини на улцата  „Јоаким Крчовски“. По претходно направените припремни работи, беа вградени  околу 200 м2 нов асфалт. Градежните работи продолжуваат и во текот на денешниот ден со вградување на нови количини на асфалт. Изведувач на градежните работи е градежната фирма  „Лабино-Трејд“  од Гостивар.