Реализирање на програмските активности на волонтерот при ученичкиот дом „Боро Менков“

Во текот на првото полугодие од учебната 2013/2014 година учениците од ученичкиот дом „Боро Менков“ учествуваа и реализираа низа интересни активности под менторство на волонтерката Лакиш Аброу, која преку Мировниот Корпус пристигна во домот со почетокот на учебната 2013/2014 година. Најзначајна цел на работата на волонтерката е помош на учениците во учење на англискиот јазик и запознавање со американската култура, а секако и самата го учи македонскиот јазик и културата и традицијата на нашата земја.

Од самиот почеток волонтерката при ученичкиот дом се залагаше за мотивирање на сите воспитаници за спортување во некоја спортска дисциплина. По тој повод неколку ученици сместени во домот тренираат кошарка при Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“. Волонтерката даде голем придонес и поддршка за тренирање на младите фудбалери од фудбалскиот тим при домот.

Секој ден, согласно афинитетите на воспитаниците и вработените Лакеш им ги пренесува тајните на јогата преку заедничко вежбање, со што се јакне духот на заедништвото и се подига културата на живеење.


При посетата на ученичкиот дом од страна на најмалите, забавишната група при ОУЈДГ „Детелинка“, по повод Месецот на книгата, волонтерката учествуваше во организација на настанот со свои сугестии и предлози.


Македонскиот празник Ден на ВМРО  ученичкиот дом го одбележа во манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, прошетка и ручек во природа. Во оваа прилика волонтерката Лакиш ги запозна убавините на овој манастир, а зависно интересот на учениците им ги покажа тајните на фотографирањето, хоби преку кое повеќе од ученици од домот ја изразуваат својата креативност.

По повод англискиот празник Ноќ на вештерките,  во домот имаше забава за воспитаниците и вработените. На покана на волонтерката Лакиш на забавата беа и волонтерите од Мировен Корпус Мишел Витон и Џастин Ритсема кои учествуваа и во натпревар за маскираните во застрашувачки костуми, со многу музика и игра.

Значајни се и миговите на работни акции, каде сите ученици и вработени, како и волонтерката, заедно учествуваат во подобрување на изгледот и хигиената на дворното место и спортското игралиште.

Во ученичкиот дом „Боро Менков“ Крива Паланка, на 28 ноември, волонтерот од Мировниот Корпус го презентира традиционалниот празник Ден на благодарноста. По тој повод беше организирана заедничка вечера за учениците и вработените во домот на која гости беа членовите од Управниот одбор на домот и волонтерот Џастин Ритсема. Во духот на овој американски празник трпезата беше обогатена со печени мисирки. Имено, како што покажа и волонтерката, Денот на благодарноста е празник во чест на жетвата кој главно се прославува во САД и Канада. Традиционално, тоа било период за искажување благодарност за богатата жетва. Иако првобитното прославување имало религиозна основа, во денешно време Денот на благодарноста пред сѐ се идентификува како световен празник.


Најзначаен дел од целокупниот настан беше подготовката на храната за вечерата во соработка со волонтерката при домот и практикантите од туристичко угостителската насока од СОУ „Ѓорче Петров“ кои својата практична работа ја изведуваат во кујната на домот под менторство на професорот  Дане Петровски. Во текот на вечерата сите учесници меѓусебно си благодарија за различни работи, за помошта, другарството, среќните моменти, заедничките игри и активности.

Големина на фонт
Контраст