Градежни активности за санација на оштетените асфалтни површини

Општина Крива Паланка и во месец декември ги продолжува градежните активности за  санација на оштететените асфалтни површини. Во текот на вчерашниот ден заврши  вградувањето на нов асфалт на улица „Гоце Делчев“, а се асфалтираа и тротоарските површини  на улица „Св.Јоаким Осоговски“,  кај новата социјална зграда и карши  поројот „Единство“.

[embpicasa id=”5954183702484292401″]

Во текот на денешниот ден продолжуваат градежните активности  на уште неколку локации.

Изведувач на градежните работи е фирмата  „Лабино –Трејд“ од Гостивар.

Големина на фонт
Контраст