ЗЕЛС ЕКСПО 2009

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС, на 25 и 26 ноември, 2009 година, по петти пат ќе го организира Саемот на општините „ЗЕЛС ЕКСПО 2009“.

Ова претставува традиционална манифестација од важен интерес на општините, каде се претставува единството на локалната власт во земјава и достигнувањата на општините и целокупниот процес на децентрализацијата во земјава. Носечка тема на овогодишниот саем е „Фискалната децентрализација и улогата и можностите за општините во Република Македонија“. Општините ќе можат да разменат искуства за текот и импликациите на процесот на децентрализација на локално ниво и да предлагаат насоки за идниот развој.
Се очекува Саемот да биде посетен и од претставници на голем број меѓународни организации и институции од нашата земја, што истовремено дава можност да се остварат контакти во насока на изнаоѓање на заеднички интерес за меѓународна соработка.
„ЗЕЛС ЕКСПО 2009“ ќе се одржи во просториите на Скопски Саем, во Метрополис Арена, хала 1.

Општина Крива Паланка Ве поканува да го посетите штандот на Општината на „ЗЕЛС ЕКСПО 2009“.