Презентиран проектот „Сите деца учат заедно-Прекугранична мрежа на инклузивни училишта“

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Вчера во просториите на Североисточниот плански регион беше презентиран проектот „Сите деца учат заедно-Прекугранична мрежа на инклузивни училишта“ кој се имплементира во партнерство со општина Дупница од Р.Бугарија.

Проектот опфаќа изградба на пристапни рампи, лифтови и специјални тоалети за ученици со посебни потреби во седум училишта од шестте оштини од регионот.Граджените активности опфатени во проектот ги вклучуваат кумановските основни училишта „Толи Зордумис“ и „Бајрам Шабани“, „Дитура“ во Липково, „Кочо Рацин“ во Кратово, „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка, „Христијан Тодоровски Карпош“ во Ранковце и „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане.

Освен инфраструктура, проектот вклучува јавна кампања, како и јакнење на капцитетите на наставниот кадар од училиштата од двата региони, на Македонија и Бугарија.

Проектот кој е потпишан на 16 мај годинава ќе трае две години, а се спроведува преку вториот повик на ИПА-програмата и чини околу 500.000 евра.

Големина на фонт
Контраст