Одржан состанок на Локалниот совет за превенција

На 25.11.2013 година во Големата Сала при Општина Крива Паланка се одржа состанок на Локалниот совет за превенција. Дневен ред на состанок беа следните точки Семејно насилство, Безбедност во училиштата, Исправна земјоделска механизација во сообраќајот, Поседување и носење на огнено оружје за време на ловната сезона 2013/2014 година.

По отворањето на седницата од Претседателот на Советот на Општина Крива Паланка М-р Борче Стојчевски, од стана на преставникот на секторот за превенција при СВР Куманово, Виолета Богдановска, беа презентирани состојбите на теренот и активностите кои треба да се спроведат во поглед на темата “семејно насилство“ која воедно се надоврзува со “безбедноста во училиштата“. Целта на состанокот е подигање на свеста  кај граѓаните за промена на нивните ставови и однесувања во врска со семејното насилство (намалување на бројот на жртви на семејно насилство) и превенција. Таа истакна дека активностите треба да се одвиваат на локално ниво со зедничко постапување на сите инволвирани институции и предложи од Локалниот совет да се формира работна група која ќе утврди состојбата на терен и даде препораки и насоки за нивно усвојување и реализација.

Од страна на претставниците на образовните институции беше истакнато дека постојат помали несериозни инциденти на насилство кое нешто го потврдува статистиката, но и покрај тоа секогаш треба да се превземаат мерки на превенција за подобрување на состојбата со цел поголема безбедност во училиштата. Од претставниците на останатите институции беа дадени согледувања од сферата на нивните надлежности во чии обраќања секаде беше содржана потребата за поголем број на активности кои треба да се преземат за спречување и намалување на негативните појави и последици од семејното насилство како и да се фаворизираат практиките на превенција.

На состанокот се формира работната група која по согледување на состојбата и со кординирани активности ќе ги достави резултатите и препораките до Советот за нивно усвојување.

Потоа следуваше разгледување на останатите точки од дневниот ред Исправна земјоделска механизација во сообраќајот, Поседување и носење на огнено оружје за време на ловната сезона 2013/2014 година по кои беа дадени согледувања и заземени ставови за подигање на свеста кај жителите на општина Крива Паланка, преку разни состаноци, делење на информативни материјали и слично.

Општина Крива Паланка во целост ги подржува и ќе земе активно учество во ваквите проекти и активности за подигање на свеста кај граѓаните од последиците на семејното насилство и во наредниот период ќе иницира зајакнување на капацитетите за превенција.

Големина на фонт
Контраст