Спроведена есенската акција „Ден на дрвото“ – Засади ја својата иднина

Општина Крива Паланка активно се вклучи во традиционалната есенска акција „Ден на дрвото“ – Засади ја својата иднина. Акцијата се спроведе на две локации и тоа на  локалитетот „Присој“ помеѓу населбата Бегови бавчи и населбата Мезовски ливади и покрај велосипедската патека долж коритото на Крива Река.

[embpicasa id=”5951205487124646145″]

Во акцијата се вклучија вработените од Општина Крива Паланка, ЈП  Комуналец, ЛУ Градски Музеј, вработени од други институции како и учениците и вработените од СОУ „Ѓорче Петров“ и од двете основни училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“.

Големина на фонт
Контраст