Тематско патување на градоначалниците во Италија, Словенија и Хрватска

30 градоначалници од 5-те  региони од централниот, западниот и севериосточниот дел на земјата и раководителите на центрите за развој на планските региони, предводени од министерот за локална самоуправа  претстoјуваa во студиска посета на Италија, Словенија и Хрватска.

Македонската делегација оствари работна средба со претседателот на провинцијата Трст. На состанокот беа презентирани реализираните проекти од прекуграничната соработка помеѓу Италија и Словенија, за која цел се инвестирани над 300 милиони евра.Акцентот беше ставен и на италијанскиот пристап за кластерско здружување на компаниии за енергетска ефикасност и маркетинг.

–    Интересн е фактот што овде во Италија ни се презентираа проекти за енергетска ефикасност, што во Р. Македонија , веќе се реализираат такви проекти- изјави Тахир Хани, министер за локална самоуправа
Според организаторот и финансиер на тематското патување, ГИЗ РЕД програма, овие три дестинации се одбрани од причина што Италија и Словенија имаат големо искуство во аплицирање на проекти од фондовите на ЕУ, а Хрватска, како и Македонија до неодамна ги користеше пред пристапните средства.
–    Тоа се земји кои покажуваат одлична прекугранична соработка, која е актуелна и за Р. Македонија со отворањето на ИПА пограничната програма со Албанија, Грција, а сега очекувамеи со Косово-Изјави Аница Палацо, регионален координатор, ГИЗ РЕД

Делегацијата го посети и природно заштитеното подрачје, Сан Дорлинго дела Вале, во Општина Долина, каде од градоначалникот Фулвиа Премолин се запознаа со системот на подготовка и финансирање на проекти на локално и регионално ниво.

Тематското патување продолжи со посета на градот Копер во Словенија и Пула во Хрватска.
Високата македонска делегација  беше  примени од градоначалникот на Копер, во Р. Словенија, Борис Попович. Пред присутните во Агенцијата за регионален развој на Приморска, беше елабориран планот за регионалниот развој и националното финасирање после 2014 година, како и проектите од регионот финасирани од различни извори.
Копер е помеѓу трите најголеми и најуспешни општини во Словенија со годишен буџет од околу 70 милиони евра. Голем дел од средствата се обезбедуваат преку европските фондови наменети за финансирање на проекти од енергетската ефикасност. За таа цел е подготвена  регионална стратегија и акциски план, изготвен од регионалната агенција за енергетска ефикасност ГОЛЕА.
Една од можеби најсофистицираните депонии  во Европа  за управување со цврст отпад е во градот Изола на само 5 км оддалеченост од Копер, на самиот брег на јадранското море. При посетата беа претставени локалните структури за управување  и обработка на отпадот, како и технологијата и начинот на работа.

Делегацијата оставри работна посета и во Пула, Р. Хрватска,   поточно со претстедателот на регионот Истра. 
Хрватска е земја која е административно поделена на жупании, градови и општини. Посебно внимание се посветува на рзвојот на регионите, а Агенцијата за регионален развој на Истра, за која домаќините трврдат е најстара и најуспешна посебно внимание посветува на обезбедување на финасисиките извори по 2014 година, како и на воспоставувањето на финансиски договри со централната власт.
Организаторите и градоначалницие од 5 –те плански региони, кои три дена беа во посета на Италија, Словени и Хрватска, поточно, Трст, Копер и Пула, велат дека тематското патување е од голема корист за имплементирање на наученото, но и драгоцено искуство во креирање на проекти кои ќе ги задоволат европските стандарди.
Студиското патување заврши со посетата на истарската агенција за развој на туризмот во Пула, или ИРТА, каде беше презентиран начинот на управување со дестинациите, регионални и локални проекти водени со туристички партнери во регионот Истра, а се разгледа и можноста за потесна соработка со агенции и општини од Македонија.

Големина на фонт
Контраст