Започна санирањето на улиците „Јоаким Крчовски“ и „Наско Тамбурков“

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Општина Крива Паланка започна со подготвителни градежни активности за замена на оштетените асфалтни површини на улиците „Јоаким Крчовски“ и „Наско Тамбурков“. Се очекува да бидат заменети околу 600 м2 оштетен асфалт,  а на дел од улиците истите ќе бидат проширени заради подобро одвивање на сообраќајот.

Се очекува градежните активности на овие две улици да бидат завршени во текот на наредните денови во зависност од временските услови.Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.