Продолжува асфалтирањето на локалниот пат во с.Конопница

Денеска се поставени нови 500 метри асфалт на локалниот пат во село Конпоница. Вкупната должина на патот предвиден за асфалтитање е 4,7 километри и ширина на коловозната лента со асфалт од 3.5 метри. Изведувач на градежните работи е АД Гранит од Скопје.

Локалниот пат во село Конопница е дел од патниот правец Крива Паланка – село Мождивњак, а се асфалтира во рамките на програмата на Владата за реконструкција и рехабилитација на локалната патна инфраструктура, со средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Големина на фонт
Контраст