Привршува изградбата на регулацијата на Белевски Дол

Во тек е поставување на нова метална ограда во должина од околу 60 метри на дел од регулацијата на Белевски Дол и на пристапните скали до улицата Свети Јоаким Осоговски, со што ќе се овозможи безбедно движење на граѓаните од тој дел на градот.

Напоредно со поставување на оградата  интензивно се работи на изградбата на армирано бетонскиот плочест пропуст за пристап до с.Конопница.

Претходно  е завршена изградбата на регулацијата  во должина од 460 метри.  Регулацијата е изработена од камени плочи и бетон со изградба на бетонски каскади со висина од 1.5 -3 метри.


Големина на фонт
Контраст