Денови на идеи, предлози и проекти

Почитувани граѓани,

Во периодот  од 18 до 22 ноември 2013 година, Општина Крива Паланка ќе го реализира проектот  „ДЕНОВИ  НА  ИДЕИ  ПРЕДЛОЗИ  И  ПРОЕКТИ“ согласно своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање на локалните политики.Граѓаните  своите идеи можат да ги достават во просториите на Одделението за jавни дејности, економски развој и информатичка технологија во Општина Крива Паланка (малата зграда зад општината), во периодот од 18 до 22 ноември, 2013 година, секој работен ден од 8 до 16 часот.

Ги покануваме и охрабруваме граѓаните своите  ИДЕИ,  ПРЕДЛОЗИ И ПРОЕКТИ од областа на комуналните работи, урбанизмот, образованието, спорт, култура, како и развојот на мали и средни бизниси и слични  теми од економијата и др. да ги достават во Општината. Идеите може усно да ги презентираат на службените лица, да ги достават во писмена форма, но граѓаните имаат можност своите идеи да ги презентираат  и достават и по телефон на бројот  031 372 130, како и по електронска пошта  на [email protected]; [email protected].

Секоја издржана идеја, предлог, проект, мерка, потреба од граѓанин,  всушност сѐ за што ќе се изјаснат граѓаните, а е во ингеренција и надлежност на локалната самоуправа,  сериозно ќе се разгледа и стане дел од  годишните програми за работа на Општина  Крива Паланка.

Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст