Самостојна изложба на Марија Андричук

Вчера во Градската уметничка галерија во Крива Паланка беше отворена самостојна изложба на уметничка фотографија на Марија Андричук. Марија Андричук е родена во 1983 година во Камијанетц-Подилски, Украина. Денес таа работи и живее во Киев.

Нејзиниот интерес за фотографијата се појавил како неугаслива и страсна желба на самоизразување. Нејзиниот омилен жанр е акт. Во нејзините дела ја пронаоѓаме вистината и убавината на човечките души и тела и секогаш постои пунткум, некоја енергија од делата, иако од прв поглед изгледа како целосен статиум тоа всушност е нејзиниот главен пристап со духовна приказна зад себе. Таа верува дека најдобар начин да се приближи до душата на една личност е да се одземаат сите маски.

Марија е активна како професионален фотограф од 2007 година. Нејзината прва самостојна изложба е „Летечката душа” во 2009 година, каде што таа се претстави со 27 дела, кои сите беа продадени и сега се во приватни уметнички колекции низ цела Европа. Истата година таа ја доби својата прва меѓународна награда, сребрениот медал на престижната иаложба на фотографија “Trierenberg Super Circuit 2009″ и доби признание од PSA (Фотографско друштво на Америка). Во 2010 таа зема учество на изложбата во Вандергалерија во Салцбург, Австрија и во Галеријата на уметностите во Киев. Во 2011 година таа го доби златен медал и Првата награда за „Акт” дел на “Trierenberg Super Circuit 2011″, 3 Фото-URL дела беа објавени во ограничен “Trierenberg Super Circuit (Луксузно издание) 2011″ и книгата “Post Perestroika”.

Во моментов таа работи како комерцијален фотограф, но продолжува на нејзиниот личен уметнички проект, односно развој на нејзината лична визија, синтеза на духовноста и сексуалноста како визуелна поезија.



Големина на фонт
Контраст