Нови спортски трибини за основното училиште „Јоаким Крчовски“

ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка доби нови алуминиумски  спортски трибини кои се донација од Голден Алуминиум Продуктс Инкорпорејтед  застапувани од Максалус ДОО од Крива Паланка.  Трибините се поставени во кошаркарското игралиште и повеќенаменското игралиште во дворот на училиштето, а седум подвижни трибини се наменети за пинг-понг салата на училиштето.

Вредноста на донацијата е 24.457 долари. Трибините се наменети за потребите на образовниот процес, за поттикнување на спортот и останатите културни и забавни активности на учениците.




Големина на фонт
Контраст