Свечено отворена Градската уметничка галерија во Крива Паланка

Денеска свечено беше отворена Градската уметничка галерија во Крива Паланка од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски, заменик амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград Н.Е Рогер Јоргенсен и  раководителот на одделението за ликовна уметност и галериска дејност при Министерството за култура г-ѓа Марија Станчевска Ѓоргова. На настанот присуствувааше и Митрополитот Кумановско – Осоговски г.Јосиф.

[embpicasa id=”5943876534830946161″]

Посетителите имаа  можност ди ги видат делата на Петар Мазев, Глигор Чемерски, Димитар Стојчевски, Никола Иванов – Балтон, Стевче Ристовски и Златко Стефанов Попиванов, кои биле дел од првите основачки години на ликовната колонијата „Свети Јоаким Осоговски“ која успешно веќе 27 години се реализира во прекрасниот амбиент на Манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Реконструкцијата на просторот за Градската уметничка галерија е финансиран од Норвешката амбасада во Белград од Амбасадорскиот фонд во висина од 50.000 €, преку проектот „Уметност без граници – основање на Градска уметничка галерија“ чии носители беа Општина Крива Паланка и ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка.

Со реализацијата на проктот Крива Паланка за прв пат во историјата добива модерен галериски простор од 90 м2 кој ќе се користи за презентирање на тековните уметнички и музејски изложби. Градската уметничка галерија ќе функционира како составен дел на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст