Започна асфалтирањето на улиците Вера Јоциќ и Климент Охридски

Во тек е асфалтирањето на улиците Вера Јоциќ и Климент Охридски во должина од 1.130 метри. Улиците се дел од патниот правец  Крива Паланка – с. Мартиница, преку населба Скрљава, кој се асфалтира во рамките на програмата на Владата за реконструкција и рехабилитација на локалната патна инфраструктура со средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Изведувач на градежните работи е фирмата АД Гранит од Скопје.



Големина на фонт
Контраст