Во тек е санација на улицата Гоце Делчев

Во рамките на тековните активности, предвидени со годишната програма на  Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура при Општина Крива Паланка во тек е санација на оштетениот коловоз на улицата Гоце Делчев. Планирано е да се заменат околу 500 м2 оштетена асфалтна површина.

Согласно програмата претходно беа санирани улиците Ратко Минев, 8-ми Октомври, локалниот пат кон село Луке, а беа преземени и одредени градежни активности за санација на комуналната  инфраструктура во с.Жидилово.


Големина на фонт
Контраст