Презентирана Студијата за развој на спортско-рекреативен туристички центар „Калин Камен“

SemiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” Name=”Colorful Grid” />

Денеска во просториите на Општина Крива Паланка беше презентирана Студијата за развој на спортско-рекреативен туристички центар „Калин Камен“ со идејно-урбанистичко решение. Студијата е финансирана со средства од буџетот на РМ преку Бирото за регионален развој и Центарот за развој за североисточниот плански регион.

Носител на изработка на студијата е „Филбис“ ДООЕЛ од Скопје во соработка со Јунајтед консалтинг ЕООЛ од Софија, специјализирана фирма со долгогодишно искуство во проектирање и изградба на туристистички центри.

На почетокот грдоначалникот Алексовски го истакна задоволството од изработката на студијата како почетен проект после кој ќе следуваат проекти за инфраструктурно уредување на локалитетот.

Студијата е направена објективно, рационално со искуството на бугарскиот партнер и претставува почеток за развој на Стратегија за туризам како стратешки дефинирана стопанска гранка – истакна Мирко Стојановски од фирмата изготвувач на документот.

Главна цел на студијата е развој на модерен туристички центар за целогодишен туризам со посебен акцент пред се на зимскиот туризам кој според изнесените податоци би можел да се практикува околу 90 дена во годината или од декември до март. Во стратегијата се дефинирани три зони за зимски туризам и тоа: зона „Калин Камен“, зона „Царев Врв“ и зона „Сокол и Руен“, како и зона за вили и други сместувачки капацитети, спорт и рекреација чија локација и опфат треба дополнително да се утврдат. Околу манастирот Свети Јоаким Осоговски предвидена е зона за културен туризам која соодветно инфраструктурно би била поврзана со останатите зони дефинирани во студијата. Со студијата се опфатени 193 км2 или 40,14% од територијата на општината.

Покрај утврдените зони за развој на зимски туризам студијата ги дефинира и техничките елементи неопходни за еден успешен ски-центар, релјефните можности за изградба на скијачки патеки со соодветна инфраструктура (разни видови жичари, ски -лифтови), потребата од систем за создавање на вештачки снег, неопходната опрема за одржување на патеките, безбедносни и стандарди за квалитет, институционалната структура за управување, сместувачките капацитетите како и влијанието врз животната средина.

Од економски аспект извршена е анализа на пазарот, со дефинирање на можниот број на туристи, односно идентификување на можностите за нивно привлекување.

Периодот за имплементација на студијата е околу 15 години, поделен во три етапи.

Изработката на студијата претставува основен чекор во планирањето на просторот и неговото уредување, а секако ќе претставува и одлична основа за добивање на финансиски средства од фондовите на ЕУ за развој на локалитетот.


Големина на фонт
Контраст