Три нови проекти ќе се реализираат во Крива Паланка

Oпштина Крива Паланка најави реализација на три нови инфраструктурни проекти, еден во руралните и два во централното градско подрачје. Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во село Мождивњак ќе се изгради канализациска мрежа во должина од шест и пол километри со пречистителна станица, а пред објектот на постојната општинска зграда во Крива Паланка ќе се гради нов плоштад.

Овие два проекти нема да го оптоварат општинскиот буџет, освен со средствата за ДДВ, а покрај нив со финансии од ЕУ ќе се реализира уште еден проект кој е исклучително важен за нашата општина, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Тој додаде дека исто така е одобрен проект за изградба на минор коритото на Крива Река, со кој општината аплицираше за средства од третиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка на Европската унија, а ќе се реализира во партнерство со Република Бугарија.

Големина на фонт
Контраст