Во тек се градежните активности за изградба на регулацијата на Белевски Дол

Во Општина Крива Паланка во изминатиот период интензивно се изведуваат градежни работи околу  изградбата  на регулацијата на Белевски Дол. Се работи  за канализирање на водата  со изградба на канал во должина од 925 метри и ширина од 4.60 метри со дно од 2.40 метри со темели.

[embpicasa id=”5942394221194967345″]

Досега се изградени 460 метри со пристапни скали до улицата Свети Јоаким Осоговски, а во наредниот период ќе биде изграден и премин (армирано-бетонски плочест пропуст) со што ќе се обезбеди пристап до с.Конопница. Регулацијата се изведува од камени плочи и бетон со изградба на бетонски каскади со висина од 1.5 -3 метри.

Градежните активности се финансирани од страна на Општина Крива Паланка и Министерството  за заштита на животна средина. Вкупната вредност на градежните работи е околу 6 милиони денари.Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Дине-Трејд“ од Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст