Се санира оштетениот коловоз на улицата „8-ми Октомври“

Општина Крива Паланка започна со санирање и замена на оштетените асфалтни површини на улицата „8-ми Октомври“. Ќе бидат заменети околу 500 м2 оштетен асфалт и ќе се изврши проширување на коловозот на неколку места.

На деловите каде ќе се вршат градежните работи можно е запирање на сообраќајот за моторни возила. Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.