Празник на плодородието Ќустендил 2009

Во организација на општина Ќустендил од 15 до 17 октомври се одржа „Празник на плодородието Ќустендил 2009“. Во рамките на манифестацијата беше организиран саем на земјоделски производи на кој зема учество и Општина Крива Паланка со производи кои се карактеристични за нашето поднебје – мед и производи од мед, ракија, компир и сл. Богато уредениот простор беше збогатен со домашна традиционална храна и слатки.  

 

Општина Крива Паланка за учествотот на саемот доби посебно Признание т.н. Благодарница со златен печат.

Инаку изложувањето на плодовите во Бугарија започнува токму во  градот Ќустендил во далечната 1896 година, кога е одржана првата национална изложба на овоштарство. Поради тоа градот го носи називот „мајка на бугарското овоштарство“.