Успешен настап на паланечките каратисти на турнирот во Р.Бугарија

Карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка на 19.10.2013 год. настапи со 22 свои натпреварувачи на Меѓународниот карате турнир „Пирин Куп“ што се одржа во Разлог, Република Бугарија. На натпреварот зедоа учество над 300 каратисти од Словенија, Бугарија, Србија и Македонија.

Настапот може да се оцени како одличен, бидејќи на него покрај веќе стандардните натпреварувачи, земаа учество и наши каратисти кои за првпат ги бранат боите на нашиот клуб и истите имаа успешен настап. Беа постигнати следните резултати:

1.Петар Алексовски-второ место во категорија борби над 40 кг., деца род.2002 год
2.Милена Стојановска- второ место во категорија кати, деца род.2002 год
3.Давид Стојановски- второ место во категорија борби над 32 кг., деца род.2004 год
4.Лука Тасковски- трето место во категорија борби над 32 кг., деца род.2005 и 2006 год
5.Алексеј Стојановски- трето место во категорија борби до 32 кг., деца род.2005 и 2006 год.

Следен настап нашите каратисти ќе имаат на Меѓународниот Меморијален турнир „Никола Грдановски-Нике“ што ќе се одржи на 26.10.2013 год. во Скопје.



Големина на фонт
Контраст