Се санира оштетениот коловоз на улицата „Ратко Минев“

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Општина Крива Паланка започна со подготовка за санирање на оштетените асфалтни површини на улицата „Ратко Минев“. Во текот на наредните денови се очекува замена на дел од дотраената и оштетена коловозна конструкција и замена со нов асфалт.

Оваа улица беше една од најоштетените во општината и со нејзината реконструкција значителни ќе се подобрат условите за живеење во тој дел од градот. Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабини-Трејд“ од Гостивар.