Поставен грандиозен часовник на новата општинска зграда

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Новиот градски симбол е поставен на врвот на новиот административно деловен објект кој се гради во кругот на општинската зграда на Крива Паланка.

Градоначалникот г.Арсенчо Алексовски на општина Крива Паланка сака да ја врати некогашната традиција и функиција  што ја имала саат кулата  која била изградена по основањето на градот  во 1663 и била во функција се до 50-тите години на минатиот век  односно која била една една од првите градби по основањето на Крива Паланка како градска населба.Општината сака да ја врати некогашната традиција што ја имала саат кулата  на означувањето на точното време по кое ќе се ориентираат кривопланчани, часовникот ќе одѕвонува  на секој час, започнувајќи од  07.00 наутро па се до 21.00 часот навечер.

Часовникот има четири страни  така што граѓаните ќе можат да го гледаат времето од сите страни на градот.

По основањето на Крива Паланка како градска населба, некогашната саат кула била една од првите градби, кои го оформиле основното градско јадро и се наоѓала на баир отспротива на кривопаланечката тврдина. Постарите кривопаланчани се сеќаваат дека саат кулата била во функција се до 50-тите години од минатиот век.

Беше висока  околу 16 метри, изѕидана од камен дебел половина метар, а во внатрешноста до врвот водеа дрвени скали. На горната платформа беше поставен механизмот на саатот и големо месингано ѕвоно, кое силно одекнуваше. Механизмот, пак, беше поврзан со две дебели јажиња со тегови, кои наизменично се креваа и спуштаа во дупка, длабока како бунар, која се наоѓаше на влезот од кулата. Часовникот рачно се навиваше на секои 24 часа, а за неговото одржување се грижеше Али бег, познат саатчија.

Децата често влегувале во саат кулата и удирале по големото ѕвоно.

-Посебно доживување било кога часовникот ќе означел 12 часот, односно пладне. Тогаш сите дуќани во чаршијата се затворале и се  одело дома на ручек, по кажувањето на постарите граѓани на Крива Паланка.

Денеска не се сочувани никакви остатоци од саат кулата и на нејзиното место е изградена индивидуална зграда.


Големина на фонт
Контраст