Нова пешачка патека во населба Скрљава

Општина Крива Паланка заедно со жителите од населба Скрљава  во изминатиот период  ја завршија изградбата на пешачката патека која спојува делови од улицата „Климент Охридски“. Пешачката патека е со должина од 140 метри и ширина од 1.60 метри.

Со изградбата на пешачката патека се надминува долгогодишниот проблем со пристапот до објектите, а се подобруваат и условите за живеење во тој дел на населба Скрљава.

Големина на фонт
Контраст