Крива Паланка гради јавен тоалет

Модерно уреден градски тоалет ќе добие Крива Паланка, по повеќе од 20 години. Изградбата на јавниот објект е во завршна фаза, а ќе се состои од повеќе машки и женски кабини, како и посебен тоалет за пристап на лицата со хендикеп. Тоалетот се гради во близина на централното градско подрачје, а во него се инвестираат над еден милион денари, обезбедени од Министерството за транспорт и врски и од општината.

– Со изградбата на јавниот тоалет не само што ќе се подобри јавната хигиена и потребите на граѓаните туку ќе се намалат и казните за вршење физиолошки потреби на јавни површини, кои се зголемени во последно време. Само минатата недела се изречени 10 глоби, а досега има вкупно 47 казни, кои прекршителите ги чинат по 50 евра – вели Бранко Велиновски, раководител на Одделението за инспекциски надзор.

Извор: Дневник

Големина на фонт
Контраст