Покана за изложба на карикатури од Меѓународниот конкурс „Невестинско поклонение“

На 8 Октомври во просториите на НУ Центар за култура, со почеток во 14.30 часот, ќе биде отворена изложбата на карикатури на тема „Снаа – Свекрва“ од Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско поклонение“.

На свеченото отварање на изложбата ќе присуствува и овогодинешниот лауреат Милан Алашевиќ од Словенија кој е добитник на град- при наградата и ќе биде првиот носител на трофејот „Невестулка 2013“.

Посетителите ќе имаат можност да ги видат првите 100 рангирани карикатури од Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско поклонение“.

Големина на фонт
Контраст